По петнаесет години хармоничен брак со сопругата, славниот спортист шокираше: Ралф Шумахер призна дека е хомосексуалец
Ралф Шумахер со емотивна објава призна дека е хомосексуалец
Вчерашната објава на Инстаграм на Ралф Шумахер, легендарниот Формула 1 возач и брат на славниот Михаел Шумахер, предизвика лавина реакции ширум светот.
Откако долги години живееше во негирање, во емотивна и храбра објава, Ралф го отвори срцето и ѝ призна на јавноста дека е геј.
Реакциите на оваа вест беа различни, но повеќето јавни личности и обожаватели изразија поддршка за неговата храброст и искреност.
Ралф Шумахер, кој има 49 години, го помина речиси целиот свој живот познат како врвен спортист и јавна личност, држејќи го својот приватен живот подалеку од очите на медиумите.
Тој и неговиот брат Михаел се првиот братски пар во историјата кој го освоил првото место во Формула 1, а во декември 2013-та година голема трагедија го погоди семејството кога постариот Шумахер заврши во кома поради повреда на главата на скијање.
Ралф беше 14 години во брак со поранешната сопруга Кора Шумахер, со која го има 22-годишниот син Дејвид Шумахер.
По разводот со Кора во 2015-та година, малку се знаеше за неговиот љубовен живот, а сега познатиот возач на формула вчера го шокираше целиот свет со јавното признание кое никој не го очекуваше.
Имено, Ралф на својот Инстаграм профил објави фотографија на која стои со непознат маж во прегратка и гледа во зајдисонце.
– Најубавото нешто во животот е кога имаш вистински партнер со кој можеш да споделиш сѐ – напиша Шумахер под фотографијата.
По емотивната исповед на неговиот татко, се огласи и неговиот син Дејвид кој рече дека „100% стои зад објавата на неговиот татко“.
Извор: glossy.espreso.co.rs