По само 2 месеци од породувањето, Нина Јанковиќ во топ форма се вратила на снимањето на “Убице мог оца 3“
Заводливата форензичарка Јелена, 11-те епизоди на
криминалистичката хит серија ,,Убијците на мојот татко“ ги снимила во присуство
на својот син Вукашин. Таа им се придружила на своите пријатели и колеги актери
во создавањето на третата сезона од серијата само два месеци откако го
напуштила породилиштето а со тоа ги воодушевила своите фанови.
Нина открива дека на снимањето немала проблем да го дои своето бебе, а целата поддршка ја имала од својот сопруг Матеја Дичиќ, кој успешно се снаоѓал во чувањето со Вукашин.
Својот сопруг Нина со кој сега ги има Вукашин и Иванка го запознала благодарение на нејзината најдобра другарка Тамара Драгичевиќ (нам добор позната како Силвана Арменулиќ во филмот ТОМА) која е во роднинска врска со Матеја.
За ликот на Јелена Нина ја подготвувал вистински форензичар за да може што подобро да ја отслика улогата. За неа било предизвик да биде форензичар, бидејќи немала поим како тие ја работат својата работа а вистинско задоволство било што имала можност да научи нешто за оваа гранка на медицината.
Третата сезона на „Убијци“ носи нов случај на убиство на угледен лекар кој оди во неколку правци, а паралелно се води и голема војна меѓу нарко клановите и борбата за превласт од која Марјановиќ долго време се обидува да го оддалечи Александар, но тоа е невозможно. Болната вистина би можела целосно да ја промени приказната за нерасчистеното убиство на таткото на инспекторот Александар Јаковљевиќ (Вук Костиќ) која ја следиме од самиот почеток.
Популарната серија во сите сезони вклучува познати фолк пејачи чии песни се тема за секое ново продолжение. Во првата сезона се појавува Халид Бешлиќ, во втората Шабан Шаулиќ, а во третата Саша Матиќ.
Третата сезона на ,,Убијците на татко ми“ e достапна на првата македонскат стриминг платформа Gley. Без реклами и во еден здив може да уживате во 11-те епизоди кои носат неизвесност и напнатост преку посебната апликација Gley.mk на вашиот телефон, таблет, компјутер, Smart TV или преку MaxTV приемниците.
Пр објава