Почетокот на Март: ХОРОСКОП кој ветува изобилие, но само за 5 знаци

ОВЕН

Ако немате доволно интерес дополнително да се ангажирате во некои деловни ситуации, бидете искрени и немојте да давате лажни ветувања. Важно е коректно да го исполните својот дел од обврските посебно во месец март. Без оглед на популарноста која ја имате кај спротивниот пол избегнувајте авантура и кокетирање со една предизвикувачка личност.

БИК

Не верувате во некои повторни ветувања и поради тоа барате убедливи докази или дополнителна гаранција на некој деловен договор. Бидете промислени пред соработниците затоа што во март ви се спрема заговор. Вашиот партнер не може да ви удоволи во се што ќе чуете, видите и посакате. Затоа и често останувате без реализација на различните потреби.

БЛИЗНАЦИ

Се наоѓате пред нов финансиски предизвик и некој ве храбри да прифатите одреден ризик. За месец март е убаво добро да ги проценете своите можности во однос на реалните услови, а понекогаш големите желби може да се остварат на лесен начин. Посакувате повеќе интересни случувања во љубовниот живот и смислено креирате одредени ситуации. Сето ова во март ќе биде интензивно.

РАК

Време е барем во март да ги исфрлите своите идеи на виделина и да видите каков ќе биде ефектот врз околината. Од самиот почеток ќе почнете несигурно, но колку што повеќе зборувате, ќе оставате што поуверлив впечток на слушателите. Во односите со личности кои имаат некаков авторитет прибегнете кон ласкав и дипломатски начин на однесување.

ЛАВ

Сочувајте ја дополнителната мерка на внимание во непознати ситуации, а бидете умерени во своите очекувања. Многу ви значи да ги решите несогласувањата со саканото лице, но се плашите од нови компликации. Немојте да брзате! Март е месец на добри одлуки! Работите решавајте ги постепено и само така ќе ги имате позитивните резултати.

ДЕВИЦА

Без оглед на вашата снаодливост во деловните средби, постојат работи кои не се вклопуваат во вашата почетна проценка. Токму во март е потребно да ги корегирате своите првобитни ставови во договор со блиските соработници. Премногу се грижите без причина, а партнерот моментално не сака да ви доверува своите мисли и чувства.

ВАГА

Оптоварени сте со различни обврски, но околината очекува да ги решите прашањата од заеднички интерес и да делувате ефикасно. Сега, поточно во март е веќе време да подвлечете линија, бидејќи немате доволно енергија да се ангажирате на паралелни страни. Имате впечаток дека саканото лице не ги разбира вашите намери.

ШКОРПИЈА

Доколку ви е тешко да ги остварите вашите деловни намери и немојте да очекувате невозможни решенија, туку побарајте нечие разбирање. Нема потреба барем во март да ја потиснете вистината за работите кои стануваат очигледни. Потребна ви е поддршка од партнерот во различни ситуации.

СТРЕЛЕЦ

Нема потреба да носите важни одлуки врз основа на избрзување, посебно во месец март. Некој од соработниците внимателно го анализира вашето однесување и носи оцена за вашите резултати. Прифатете двонасочен соработнички однос, но не по секоја цена. Обидете се да развеселите некого или да го израдувате партнерот.

ЈАРЕЦ

Заинтересирани сте за нечија деловна понуда или за комбинација која ветува двојна добивка па поради тоа делувате вознемирено пред соработниците. Пред да донесете конечна одлука, послушајте нечија приказна и прифатете корисен совет. На почетокот на март сето ова ќе ви донесе успех. Придавате големо значење на некои нови емотивни случувања.

ВОДОЛИЈА

Важно е да го испочитувате заедничкиот договор и да останете доследни на своите изјави. Нема потреба да правите нови грешки кои можат да ве компромитираат во друштво на соработниците и партнерите. Внимавајте! Во март се можни работни турболенции за кои вие иле ќе бидте криви или сите нешта че ги доведете во ваша корист. Партнерот инсистира на заеднички промени па морате да имате доволно разбирање и почит.

РИБИ

Понекогаш се изгледа релативно, необично или чудно кога е во прашање работата. Поради тоа, а посебно во март немојте да донесувате заклучок врз основа на првиот впечаток или без предходна консултација со блиските соработници. Деловните прилики излагаат поинаку кога се набљудуваат од различни асперкти. Здравјето ќе ви биде добро, во љубовта стандардно. Многу сте сензитивни, но и рамнодушни, а тоа не чини.