Почина актерот познат по култниот филм „Кум“: Ја прекина кариерата кога дозна дека е болен!

Познатиот австриски актер Хелмут Бергер почина на 79-годишна возраст, објави неговиот агент, а пренесе „Еј-би-си њуз“.

Бергер беше голема ѕвезда во 1960-тите и 1970-тите, а славата ја стекна во филмовите на италијанскиот режисер Лукино Висконти. Тој почина во Салцбург. 

Бергер е роден во Бад Ишл, Австрија на 29 мај 1944 година. Работел како статист во Рим пред да биде откриен од Висконти, а подоцна да стане негов партнер. Висконти му ја дал својата прва улога во 1966 година.

View this post on Instagram

A post shared by Anadeus von Haaser (@anadeusvon)


Познатиот актер имаше истакнати улоги во филмовите на Висконти „Самрак на боговите“, „Лудвиг“, „Затворениот семеен круг“ како и во „Градините на Финци-Контини“ на Виторио Де Сика, „Доријан Греј“ на Масимо Даламан и подоцна во „Кум III“ од Френсис Форд Копола.

Откако се разболе, Бергер објави крај на својата актерска кариера во ноември 2019 година.


Фото: Инстаграм/Youtube - screenhsoot