Почина човекот со „белиот шал“, фудбалскиот свет се простува од Чиро Блажевиќ
Легендарниот хрватски фудбалски тренер Мирослав Чиро Блажевиќ почина утрово по долга борба со ракот, на само два дена пред својот 88. роденден.
Хрватскиот тренер кој имаше импресивна кариера и прекар „тренер на сите тренери“ ја предводеше хрватската репрезентација до историското трето место на Светското првенство во Франција во 1998 година.
Блажевиќ долго се бореше со ракот кој му беше дијагностициран рак во 2011 година.
По распадот на Југославија живееше во Фрнација а на покана на првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман се врати во Хрватска 1992 и го презема Динамо Загреб, тогаш и под името Кроација.
Блажевиќ беше наименуван за селектор на Хрватска во 1994, на Мундијалот во Франција со Хрватска приреди сензација со пласманот во полуфиналето и со освојувањето на третото место.
Од селекторската позиција на Хрватска се повлече во 2000 година, а беше селектор и на селекциите на Иран и БиХ.
Блажевиќ е роден во 1935 година во Травник, каде и ја започнал својата играчка кариера, беше препознатлив по белиот шал кој често го носеше на клупата како тренер.