Почина еден од најголемите фудбалски менаџери на светот, ги застапуваше Ибрахимовиќ, Халанд...

Мино Рајола почина  на 54. годишна возраст, објави неговото семејство кое го потврди она што пред два дена го објавија медиумите во Италија.

Семејтвото на Рајола на социјалните мрежи ја потврди смртта на Рајола од денес.

„Со голема тага ја споделуваме веста за смртта на Мино Рајола, најголемиот фудбалски агент што некогаш работел во светот. Тој се бореше до самиот крај со сета сила со која ги претставуваше своите играчи“, објави семејството на Рајола.

Инаку Рајола беше менаџер на Ерлинг Халанд, Златан Ибрахимовиќ, Џиџи Донарума...



https://twitter.com/MinoRaiola/status/1520403579311464449