Почина Фердинанд Пих, татко на “Бугати Вејрон“ и “Порше 917“
Иконата на автомобилската индустријата во Германија, денес почина на 82-годишна возраст.
Како внук на
Фердинанд Порше, тој беше дефинитивно предодреден да ги следи чекорите на семејството,
но и покрај ова, малкумина можат да ги оспорат сите неверојатни работи што ги
постигна.
Неговата кариера ја започна во 1952 година во „Фолксваген“, каде што беше практичар инженер пред да биде испратен во интернат во Швајцарија.
Вооружен со магистер по инженерство, тој се придружи на „Порше“ во 1963 година и започна да работи на „911“ патничкиот автомобил.
Само три години подоцна, тој се промовира и започнува со водење на експериментален оддел. Ова е позицијата што тој ја има за наредните 5 години. За тоа време, компанијата воведе голем број успешни спортски автомобили, а кулминација на неговото работење беше „Порше 917“.
Но, промената во правилата на компанијата ги отстрани членовите на семејството Порше од менаџерските позиции, принудувајќи го Пих да се пресели во „Ауди“.
Таму, тој добил улога на технички директор и имал задача да го надгледува развојот на погонот на сите тркала.
Во 1993 година, Пих стана извршен директор на „Фолксваген“, компанијата што ја поседува „Ауди“, „Сеат“ и „Шкода“. Но, многу наскоро ги додаде „Ламборџини“, „Бентли“ и „Бугати“ на овој список.
За време на неговото владеење, тој стана познат по тоа што ги стави своите возила на прво место, а не цената, како и инженерската вештина.
Малкумина имаа
можност да возат Audi A2 или Volkswagen Pheton, а уште помалку луѓе се најдоа
зад воланот на моделот Bugatti Veyron или VW XL1. Но, секој од овие автомобили
е направен да задоволи некои од желбите на Пих.