Почина фудбалската легенда Паоло Роси: Фурија, запишан во историјата
Се уште фудбалскиот свет не се опорави по смртта на Марадона, утринава замина од овој свет и Паоло Паблито Роси. Симболот на Италија, иконата на фудбалска Италија. Големиот голгетер, човекот кој што во најдобриот, најквалитетниот Мундијал во историјата, оној во Шпанија 1982, успеа на својата земја да и и го донесе пехарот, човекот кој што речиси сам ја направи Италија светски првак. Покрај Ѕоф, Кабрини, Ширеа, Тардели, Конти, Џентиле, Алтобели, Грацијани, Коловати и останатите супер – ѕвезди на италијанската репрезентација предводена од Енцо Беарцот, Паблито на тој Мундијал ги победи Марадона, Зико, Румениге, Боњек, Платини и останатите кои со своите селекции не успеаја да бидат подобри од Паблито.
Тој е човекот кој што го расплака Бразил и фудбалскиот свет, кога ги елиминираше “кариоките“, кога го елиминираше најдобриот Бразил, најатрактивниот Бразил на сите времиња. Паблито на тој Мундијал ги победи Аргентина, Бразил, Полска и во финалето страшната Германија, кога му овозможи на својот легендарен претседател Сандро Пертини да се перчи на „Сантијаго Бернабе“.
Паблито и ја донесе најголемата фудбалска радост на Италија. Со денови и денови тој јули 1982 се славеше на „“Чизмата“, фудбалска Италја му го прости скандалот поврзан со….сега не е време за такви посетувања, кога беше суспендирани беше надвор од фудбалот извесно време.
Роси беше член на Јуве, член на златната генерација на клубот од Торино. Играше и за Виченца, Комо, Перуџа, Милан, Верона.
Ќе го паметиме како “итрец“, секогаш знаеше како да се намести пред противничкиот гол, да даде гол.
Велемајстор на фудбалската игра….
И Бразил ќе тагува, иако Паблито во 1982 со хет – трик го елиминираше тимот на Зико, Сократес, на селекторот Сантана, Едер, Жуниор, Фалкао…уф, каков тим тоа беше.
Но тогаш КРАЛОТ беше Паблито.