Почина Кале Дијамант, првиот победник во шоуто „Никогаш не е доцна“
Најверојатна причина
за смртта е срцев удар
Победникот во првата сезона на натпреварувањето „Никогаш не доцна“, Станоје Становиќ, попознат како Кале Дијамант, почина синоќа на 54-годишна возраст.
Пејачот е пронајден во неговиот стан во Германија, а како што соопшти неговото семејство, најверојатно починал од срцев удар.
Последните денови од животот ги помина во Дизелдорф и немал индиции дека неговата здравствена состојба е загрозена. Но, бидејќи тој не одговарал на телефонот претходните два дена, неговото семејство синоќа упаднало во станот.
- Нашиот и вашиот крал на народната музика почина. Ќе останеш засекогаш во нашето срце, сè уште си жив за нас. Најдобар татко, најдобар дедо и нашата најголема sвезда, почивај во мир. Те сакаат твоите ќерки, сопруга и внуци - се наведува во соопштението на семејството Станковиќ на неговиот официјален профил на Фејсбук.
Датумот на погребот ќе биде објавен подоцна, а како што пишува порталот Srbijadanas.rs, во тек еобдукција.
Кале Дијамант е роден во Обреновац. Љубовта кон музиката ја покажал уште од најраното детство, а во осумдесеттите започнал да работи во белградски клубови и сплавови. Тој честопати истакнуваше дека неговиот пат е трнлив, а по Белград и Виена, тој реши да ја испроба среќата во Германија, па во 1991 година се пресели во Дизелдорф, каде се обиде да гради кариера.
Фото: Youtube/Screenshoot