Почина од Ковид-19, а не веруваше дека постои: Тажната вест ја потврди неговата сопруга
Дмитриј Стужук беше фитнес инфлуенсер, а се заразил на патувањето во Турција.
Украинскиот фитнес инфлуенсер Дмитриј Стужук, кој имаше само 33 години, почина од коронавирус.
Според пишувањата на Скај Њус, Дмитриј се заразил додека бил на патување во Турција. Кога се вратил дома во Украина, инфлуенсерот, кој го следа 1.1 милион луѓе, се тестирал на Ковид - 19 и наодот бил позитивен, по што завршил во болница.
Таму поминал осум дена по што се вратил дома, но одеднаш здравствената состојба му се влошила поради компликации со срцето. Неговата поранешна сопруга Софиа, открила дека бил однесен во болница во тешка состојба и без свест.
Таа во саботата на својот Инстаграм профил со негова фотографија со децата објави дека починал. „Димо повеќе не е со нас, неговото срце не издржа. Единствено останаа само убавите спомени, трите прекрасни деца и искуството кое вреди“ - напиша Софиа.
Инаку, Дмитриј кога првпат завршил во болница објавил фотографија на својот Инстаграм продил. Објаснил дека за време на престојот во Турција едно утро се разбудил со отечен врат и тешко дишел.
„Сакам со вас да споделам дека се разболив и сакам да споделам предупредување до сите. Јас бев помеѓу оние кои мислеа дека короната не постои, се додека не се разболев. Короната не е краткотрајна болест и воопшто не е безопасна“ - напиша тогаш тој.