Почина Пеле - „Кралот“ на фудбалот и икона на фудбалската игра...
Легендарниот Бразилец Пеле или како што го нарекуваа „Кралот на Фудбалот“, почина на 82 годишна возраст.
Пеле долго се бореше со ракот, а денеска стигна тажната вест, Бразилецот го загуби најважнаиот „натпревар“ во животот.
Бразилецот беше хоспотализиран на 29 ноември на третман со хемотерапија, проблемот со ракот на дебелето црево се провлекуваше од 2021 година.
Едсон Арантес до Насименто Пеле е еден од најтрофејните светски фудбалери, на Светските првенства има три титули, 1958, 1962 и 1970 година, засега ненадминат подвиг, има над илјада голови во професионалната кариера беше симбол на фудбалската игра во 60-тите и 70-тите години од минатиот век.
Пеле за Бразил запиша 77 голови, тој е најдобриот стрелец во историјата на оваа репрезентација... 1958, 1962 и 1970 година, подвиг што не го повторил ниеден фудбалер.
Кариерата „кралот“ ја заврши во 1977 година во дресот на Космос од Њујорк, а никогаш не играше во Европа, настапуваше и за Сантош во Бразил.