Спорт // Спорт
Почина Синиша Михајловиќ, рекордерот по голови од слободен удар во Италија
Српската и Европска фудбалска легенда, Синиша Михајловиќ го загби најважниот натпревар со тешката болест.
Михајловиќ почина на 53 години од леукемија, потврди семејството за италијанските медиуми, претходно тоа го објави Газета Дело Спорт.
Во својата кариера, Михајловиќ играше за Борово, Војводина, Црвена Звезда, Рома, Сампдорија, Лацио и Интер, беше селектор на Србија, а како тренер ги водеше Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино, Спортинг од Лисабон и Болоња.
Михајловиќ е рекордер во Италија по бројот на постигнатите голови од слободен удар, со Лацио и Интер стана шампион на Серија А како играч.
Болоња беше неговиот последен клуб во кој работеше како тренер.