Почитувајте го ова и никогаш нема да добиете тешка болест: Најпознатиот професионалец за исхрана советува

Дарин Олиен е љубител на здравата исхрана и меѓународно признат професионалец за областа на исхраната и здравиот начин на живот. Неговата книга „Енергија во чинија: Пет извори на супермоќ“ е заснована на практични совети кои ќе ви помогнат подобро да се разберете себеси, своето тело и да почнете подобро да живеете.

Ви носиме 12 совети кои мора секојдневно да ги почитувате:

1. Испијте најмалку 30 мл вода по килограм на маса, или по можност и повеќе ( личност тешка 55 килограми, треба да пие најмалку 1,7 литри вода). Во секој литар вода додадете околу четвртина лажица хималајска сол. Добро измешајте и уживајте.

2. Избегнувајте шеќер, но и концентирани засладувачи како пченкарен скроб, како и вештачки засладувачи- кои се полоши од шеќерот. Потрудете се шеќерот да го сведете на минимум. Нека биде најмалку 10 грама по оброк.

3. Исфрлете ја индустриски преработената храна. Јадете само готвена, домашна храна, по можност од зеленчук, овошје и месо.

4. Пред јадење, длабоко дишете и изразете благодарност. Завршете го јадењето кога сте сити 80%. По 10 минути, ќе се чувствувате потполно задоволно.

5. Не жалете се на другите луѓе и на тоа што ве наведува на лош начин на живот. Вие сами одлучете што ќе ставите во уста. Не се жалете на живот. Ако нешто не ви се допаѓа, променете го тоа. Ова е ваш живот- не го трошете залудно!

6. Подгответе големи порции салата, зачинете со овошје, семенки, ореви.. Купете си голема чинија за салата. Немој да се ограничувате. Јадете салата колку што сакате.

7. Секогаш носете облека од природна ткаенина- органски памук, лен, свила, волна. Кожата е најважен орган, кој за жал ние слабо почитуваме. Облеката која на себе има вештачки материјали го уништува нашиот најголем огран-кожата.

8. Длабоко дишете. Дишењето на нос е еден од најдобрите начини за да се одлободите од стресот.

9. Трудете се да не пиете кафе секој ден. Само ви се чини дека без кафе не можете да преживеете. Постои многу покорисен начин за дополнување на енергија. Запаметете, кадето ја покачува киселоста на организмор и ги негира сите негови предности.


10. Ладната вода лечи. Завршете го туширањето со ладна вода. Излезете во ладен ден во маица по кратки ракави. Благиот студ го поттикнува имуниот систем, го зајакнува согорувањето на масти и ја продолжува младоста.

11. Спиете во целосен мрак- без телефон, часовник, таблети или телевизор. Не дозволувајте во собата да ви влезе зрак на светлина низ завесата, од улицата. Ако себеси не можете да си обезбедите мрак, спиете со превез преку очи.

12. Слушајте се себеси, своето искуство, интуиција, тело...