Почнувам од нула, ама ќе успеам: Стојанова после операцијата

Една од најпознатите и надобрите фитнес инструкторки кај нас, Ана Стојанова, имаше комплицирана операција. После тоа, се фотографираше на „Инстаграм“ за да ги мотивира сите оние кои се на работ да се откажат од многу нешта. 

Еве го нејзиниот коментар и мотивирачки говор:

Прва слика после операција. Не толку симпатично ама 120% реално. ..
Денес ме пуштија од болница. Ногата не можев да ја кренам 3 дена. Имав големи болки и страв. Пред одење ми рекоа дека ако не ја кренам комплетно сама и без помош денес, не ме пуштаат дома.Касно сфатив дека се мртви сериозни. ..
И ете ме... дома веќе 4 часа.
Добив вежби, почетнички и скромни ама за мене најтешкии ќе ги правам два пати на ден. Ако сум во добро расположение и ќе се снимам...
Како и да е, среќна сум. Среќна затоа што знам колку можам и каква сила носам во мене. Ако ве мотивирав до сега, од сега ќе ве мотивирам 10 пати повеќе. .
Колку пати добивав пораки... ,,Тебе ти е лесно, ти си во форма..." Еве не сум! Еве сум и јас од нула. И под нула! И ќе изгледам многу полошо... Ама знам дека ќе успеам, затоа што сум свесна дека најсилното нешто во нас е главата, а таа ми е и те како во добра форма!
Што е со вас? До каде сте на ова поле?! И до кога ќе ве кочи главата?!

Н.Т.