Почувствувајте ја тајната на совршеното прилепување – Continental Black Chili
Кога првпат ќе го зграпчите управувачот на
супер спортскиот автомобил, кога во кривина ќе ги почувствувате силите што ви
ја зовриваат крвта во вените и имате чувство дека морници ве лазат, тогаш ќе ја
дознаете тајната на спортското возење и значењето на врвните пневматици.
Дали сакате да ги остварите своите автомобилски соништа? Black Chili Driving Experience ви нуди животна шанса да доживеете четири незаборавни денови во кои ќе уживате не само во возењето спортски автомобили по живописните предели на Прованса, туку и во тамошните престижни хотели и бутик-ресторани.
Славење на водечката улога на компанијата Continental во автомобилската индустрија
Black Chili е „тајниот зачин“ на Continental, смесата која придонесуваза уште подобри резултати и уште подобро прилепување на пневматиците за коловозот. Со помош на бројни истражувања, иновации и долготраен развој, нејзиното воведување значително ги подобри управувањето и способноста за сопирање на летните пневматици со високи перформанси (UHP и uUHP) и истовремено го намали отпорот при тркалање, поради што пневматиците се поиздржливи и при секојдневна употреба.
Пневматиците SportContact 6, PremiumContact 6, ContiSportContact 5P и ContiSportContact 5 се монтирани на автомобилите што ќе имате можност да ги возите на настанот Black Chili Driving Experience, а се особено погодни за спортски автомобили, теренски возила, како и за врвните електрични автомобили. Сите автомобили кои се дел од настанот - Jaguar I-Pace, Ford Mustang, Porsche Boxster 718, Mercedes C43 AMG, Audi RS3 и BMW M240i - оригинално се опремени со Continental пневматици, што значи дека се изработени во тесна соработка со автомобилските производители.
Речиси секој трет нов автомобил што е произведен во Европа, фабрички е опремен со Continental пневматици. Continental не е само производител на пневматици, туку околу 75% од своето целокупно глобално работење го врши како снабдувач со автомобилски делови. Затоа и не изненадува фактот што повеќето нови автомобили се опремени со широкиот спектар на останатите производи што ги произведува Continental, како што се амортизација, сопирачки и други безбедносни системи (ABS, ESP, AEB итн.), поврзаност, забавно-медиумски решенија и дури мали, но значајни работи, како што се, на пример, млазниците за миење на фаровите.
Како да се победи и да се отпатува во Франција*?
За да ја прослави својата водечка улога во автомобилската индустрија и во индустријата за пневматици, Continental ќе ги однесе среќните добитници на настанот Black Chili Driving Experience. Од најдобрите сто натпреварувачи во секоја земја учесничка ќе избереме победник, кој ќе може на настанот да поведе уште една личност по свој избор.
За повеќе информации и за да учествувате во квизот, посетете ја www.blackchili.mk.
*Настанот ќе се одржи во октомври годинава или на пролет следната година, а при организирањето ќе се почитуваат сите здравствени ограничувања и препораки.
Дополнителна награда за сите учесници во квизот
Сите што успешно ќе го поминат квизот на www.blackchili.mk, ќе добијат посебна поволност која ќе може да ја искористат при купувањето на Continental пневматици кај одбрани овластени дистрибутери.