Под белиот мантил се крие стил:Наши модерни доктори
Различни професии, различни погледи за животот, различни ставови. Но да се работи со здравјето на луѓето, не е така лесно и едноставно. Докторите се тие кои си зеле за обврска да бидат во служба на народот и да се грижат за нешто кое на сите ни е свето, а денес во ова турбулентно време, нешто многу кревко.
Ние имаме доктори- врвни стручњаци во своите области. Се додека е така и се додека нашето здравство не ги „брка“ да работат во странство, ќе биде добро.
Неколку наши доктори, покрај тоа што работат врвно, така исто и изгледаат. Имаат јасно дефиниран стил на облекување кој ги прави посебни на свој сосема уникатен начин. Под белиот мантил скоро е невозможно да се види нивната облека, но надвор од клиниката или ординацијата, знаат да бидат вистински господа, па дури и своевидни трендсетери.
Др. Митко Гиздовски
Подолго време е стоматолог и е многу успешен во својата работа. Ако за некој доктор ќе се каже дека има посебно добар стил, тоа е тој. И да! Важи за своевиден трендсетер. Инстаграмот му е преплавен од негови фотографии од разни туритички дестинации на кои оди и тој, облечен скапо и итро. Игра на повеќе модни фронтови и во сите е добар. Елеганцијата ја задоволува со необични сакоа одлично усогласени со тесни панталони. Сето тоа заокружено со добри чевли. Претежно оди на ептен модерни варијанти кои можеме да ги видиме на светските ѕвезди, но Митко е свој, автентичен и посебен. Со боите знае да создаде приказна што ќе трае и нема да биде досадна при секое раскажување.
Др. Александар Митов
Најекспонираниот телевизиски доктор. Исклучително паметен, со осет за модна естетика. Дипломирал медицина на Медицинскиот факултет во Скопје како првенец на генeрација. Магистрирал јавно здравје на кипарскиот институт на Harvard School of Public Health, а подоцна завршува магистерски студии за политики за животна средина во Кембриџ, Велика Британија. Токму британскиот стил на облекување е карактеристичен за него. Без премногу егзибиции, елегантен е во секоја прилика. Најчесто носи костуми кои добро му стојат, со и без вратоврска, зависно од пригодата. Кај него доминација има неговиот лик- брадата и мустаќите кои подолго време му се заштитен знак.
Др. Марин Петков
Вистински човек од акција. Овој стоматолог освен тоа што е одличен во својата работа, тој е голем авантурист. Се искачува по планини, вози мотоцикл, скија... Следствено на ова, има спортско- елеганен стил. Соодветно облечен во екстра добра облека за планинарење или скијање. Сакоата ги комбинира со фармерки, а знае фраерски да ги носи. На мотоцикл е предводник на ултра модерен стил надополнет со боја. И неговиот физикус игра влијание врз неговиот изглед. Според висината, скоро се му стои убаво.
Небојша Толески