Подготвени за новата дигитална иднина преку воведување на иновативни услуги на пазарот

Во пресрет на новогодишните празници и осмата година од постоење на Иуте Македонија, тимот на Иуте на заеднички настан во кругот на своите соработници, партнери и претставници од медиумите, се заблагодари на сите оние кои беа дел од успешната приказна, која на стабилни нозе се гради веќе 8ма година и достигнува сосема нови димензии и хоризонти.

Како што велат од Иуте, изминатава година компанијата имаше навистина многу причини за гордост, затоа што со многу посветеност, напорна работа и надминување на сите предизвици, Иуте успеа преку здрав и стабилен раст базиран на имплементирање на светските дигитални трендови, етичко работење, добро поставена корпоративна основа и капитализирање на можностите, да овозможи не само бизнис експанзија, туку и стекнување на долгорочна доверба кај клиентите и соработниците.

Изминатава година тимот работеше на подигнување на квалитетот на корисничкото искуство, со имплементирани процеси базирани на машинско учење и наука базирана на податоци. Исто така, пионерски се воведоа револуционерни иновативни технологии кои драстично ги унапредија бизнис процесите, брзината и квалитетот на услугите кои се испорачуваат.

Иуте неодамна стана и прво финансиско друштво кое во партнерство со Евротраст воведе интегрирана регистрирана безбедносна шема, овозможувајќи дополнителна сигурност, слобода и заштеда на време, како и супериорно корисничко искуство кое на клиентите ќе им овозможи целосна флексибилност во обавувањето на услугите.

Револуционерниот модел “Купи сега плати подоцна”, кој Иуте пионерски го воведе на пазарот како пософистицирана алтернатива на кредитните картички, доживеа бум на пазарот, со мрежа од над 800 партнери инјектира во македонската трговија на мало и над 7 милиони евра исплатени на преку 12.000 клиенти, од кои 25% се онлајн продажби. 

Новите законски регулативи и промени компанијата ги дочека подготвено, затоа што и претходно се работеше по принципи кои се поригидни од оние кои новиот Правилник на Министерствотo за финансии ги очекува од индустријата, во поглед на етичко и одговорно кредитирање, односно непрезадолжување на клиентите.

“Многу сме горди на нашите изминати достигнувања, пред се на нашите принципи, вредности, корпоративно поставување и етичко работење. Токму тој пристап и позицијата, со оглед на тоа дека и во изминативе години работевме според сите регулативи, ни овозможи брзо приспособување и фактички користење на новите промени како бенефит и предност, за користење на пазарните можности. Нашата подготвеност вроди со резултати, на начин што успеавме да го пораснеме квалитетното портфолио на 31 мил. евра, што претставуваше раст за 20%, а притоа да го намалиме кредитниот ризик односно наплатата на ратите до 30 дена со воведувањето на ризичната сегментација на клиентите да изнесува 96%.Она на што сме особено горди е нашата агилност и подготвеност за прилагодување на промените, што ни донесе уште поголема експанзија и доверба кај клиентите, соработниците и инвеститорите“, кажа Мишиќ.


Од неодамна Иуте официјално ја доби и линценцата за стартување на Иуте Сафе, осигурително-брокерско друштво, на тој начин навлегувајќи и во сегментот на осигурувањеза физички и правни лица.

“Со приходи од 20 милиони евра и неоданочена добивка од околу 2.5 мил евра, го задржавме трендот на раст, пришто значајни се инвестициите на компанијата во нови технологии, автоматизација, дигитална трансформација, како и влогот во вработените и локалната инфраструктура.Нашиот фокус е долгорочен стабилен раст, а без имплементирање на нови технолошки процеси и инвестирање во нови технологии, тој процес нема да биде одржлив. Би сакала на крајот да упатам огромна благодарност до целиот тим на на Иуте, нашиот највреден капитал, секој еден има свој придонес во успешната приказна. Нема поголема потврда за успех од моментот кога гледате дека компанијата расте заедно со вработените и со клиентите.“, изјави Мишиќ на крајот.

Иуте Македонија како дел од Иуте Естонија, дигитално најмоќната земја во Европа, од својата мајка компанија ги црпи сите технолошки дигитални новини, имплементирајќи ги и на домашниот пазар и корисници.

Иуте Естонија неодамна го доби и својот прв Фич рејтинг, како огромен успех и потврда на кредибилитетот. Групацијата исто така се најде на листата на елитни европски компании кои според истражувањето на Фајненшал Тајмс (Financial Times) и Статиста (Statista) покажале контунуиран, стабилен и одржлив раст на приходите во изминатава декада.

ПР објава