Подгответе се за студени утра, а во текот на денот до 20 степени: Најнови информации од УХМР
Над Балаканот има
зголемување на воздушниот притисок кој постепено ќе се расчистува.
Сепак, над Медитеранот сè уште има поле со низок воздушен притисок, па засилениот
студ продолжува да дува.
По студеното и понекогаш магливо утро, остатокот од денот во
земјава ќе имаме променливо облачно време со услови за слаб локален дожд претежно во
јужниот дел од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието
повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14
до 20 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје:
променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во наредните денови според метеоролозите не‘ очекуваат студени утра, со минусни температури, а во текот на денот максималната температура ќе достигне до 20+ степен.
Студени утра, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.
Извор: УХМР
Фото: freepik