Подобар од Џенифер Лопез! Бен Афлек покажа што може, а неговите обожаватели се воодушевени (ВИДЕО)

Популарниот актер досега повеќепати не‘ изненадил, но неговите обожаватели никогаш не биле толку полни со пофални зборови за него.

Американскиот актер Бен Афлек досега покажал многу филмски таленти, но малкумина знаат дека го зборува шпанскиот јазик како да е роден Шпанец!

Деновиве на социјалните мрежи кружат снимки од неговите интервјуа кои изминатите години ги даваше за мексиканските медиуми, а Афлек течно зборува, има широк речник и изгледа многу опуштено. Згора на тоа, многумина тврдат дека тој знае шпански подобро од сопругата Џенифер Лопез, која е со порториканско потекло и најголемата латино ѕвезда на светот!

Сепак, неговото познавање на овој јазик нема никаква врска со неговата сакана Џеј Ло. Имено, кога имал 13 години, актерот извесно време живеел во Мексико со својата мајка и брат му Кејси, каде што снимал детска емисија. Потоа брзо и лесно го стекнал овој јазик и поминал многу време патувајќи низ земјата и усовршувајќи го.

Инаку, Бен во текот на кариерата се обидувал да зборува шпански во секоја прилика, па на овој јазик зборува секогаш кога му се обраќаат новинари од земјите од шпанско говорно подрачје, во интервјуа и за време на кратки муабети на црвениот тепих.


„Може да ѝ држи лекции на латинската дива“, „Како да му се менува целиот идентитет, погледнете колку е среќен што зборува шпански“, „Можам точно да видам како децата на Бен и Џенифер зборуваат на шпански, а таа ги гледа бледо“... дел од реакциите на неговите слатки снимки.

Инаку, познато е дека Џенифер Лопез, откако пораснала во Њујорк, никогаш не била најдобар говорник на шпанскиот јазик, а во една мексиканска емисија ги изненадила сите кога во првата минута го прашала водителот како да каже нешто на шпански и постојано се префрлала на англиски среде разговор.


Фото: Профимедиа

Видео: Твитер