Поглед во иднината – М6 едукативен центар и AI Tech Summit
M6 Едукативен Центар е партнер на „AI Tech Summit“- првиот меѓународен високо-технолошки самит за вештачка интелигенција во Скопје, кој ќе се одржи на 29-ти и 30-ти септември во Скопје во салата на Националната Опера и Балет.
Светски реномирани експерти за Вештачка Интелигенција од водечките светски комании како Microsoft, Google, Spotify, BBC, Boston Consulting Group, Wipro, Universal Robots и др. ќе бидат дел од говорниците и панелисти на првото издание на „AI Tech Summit“во Скопје, меѓу кои и Jeanne Lim, креаторката на првиот хуманоид робот во светот наречен Софиа.
Главни теми кои ќе ги опфати самитот се: иднината на работата во ера на Вештачка Интелигенција, етичките и правните норми и нивна примена, користењето на вештачката интелигенција во индустриите, како и соработката и ко-еволуција на вештачката интелигенција со луѓето за унапредување на човештвото.
Позади „AI Tech Summit“ стои TBM Group, водечка европска компанија за организација на светски реномирани конференции со дванаесет годишно искуство во светот на бизнис настани.
М6 Едукативен Центар со задоволство го поддржува овој одличен настан, бидејќи веруваме дека Вештачката Интелигенција и нејзината примена на исклучиво важен начин го менуваат работењето на компаниите од различни индустрии. Како центар посветен на квалитетна едукација на професионалци од сите области, во соработка со интернационални центри за Вештачка Интелигенција нудиме специјални, сертифицирани програми за усовршување во ова поле.
За повеќе информации и билети, посетете ја веб страната www.techsummit.ai
Билетите се ограничени. Не пропуштајте ја шансата да ја обликувате иднината. Бидете дел од револуцијата на вештачката интелигенција.
пр објава