Погледнете го без брада: Викаат дека личи на дедо

Неодамна една интересна фотографија ги „запали“ социјалните мрежи – на неа се гледа холивудскиот актер Џејсон Момоа со брада, а потоа и без неа. Разликата е навистина огромна, а се чини дека токму овој детаљ е она што го претвори славниот 43-годишник во еден од најсексапилните мажи на денешницата.

„Однапред им се извинувам на сите жени“, пишувало покрај овој интересен колаж кој најдобро сведочи колку брадата може да го промени изгледот на мажот.


Foto:Twitter / screenshot

Реакциите на јавноста беа доста бурни, а оценката е едногласна - брадата е подарок за мажите во зрели години и кај нив делува исто како шминката кај жените.


Сепак, треба да се напомене дека спорната фотографија на Момоа без брада е фотошопирана, односно е отстранета со компјутер, а во реалноста овој актер сепак изгледа нешто поинаку кога е избричен.



ФОТО: Инстаграм