Погледнете го неочекуваниот ефект на кафето врз црниот дроб
Премногу кафе може да го наруши спиењето, бидејќи го разредува крвотокот, може да ја зголеми анксиозноста, да предизвика срцева слабост или да го зголеми крвниот притисок - но се чини дека исто така има некои прилично важни здравствени придобивки.
Кафето е еден од омилените пијалоци ширум светот, а во едно истражување во кое учествувале 3000 луѓе, дури 62% пијат кафе. Тоа не е изненадувачко, бидејќи луѓето не можат да функционираат без кафе. Луѓето кои што пијат повеќе кафе живеат подолго време, а ризикот за смртта се намалува од 8 до 15 проценти.
Некои истражувања покажале дека кафето може да го намали ризикот од појава на дијабетес, болест на панкреасот и сл. Според студиите направени во Велика Британија ако поради алкохол имате оштетувања на црниот дроб, пиењето кафе може да има позитивен ефект.
Вкупно 430.000 луѓе учествувале во истражување, а резултатите покажале дека две шолји кафе на ден го намалува ризикот од појава на цироза на црниот дроб. Симптоми за цироза може да бидат умор, гадење, намален апетит.