Погледнете го овој пентхаус: Погледот одзема здив
Сместен на 244 метри над Сан Франциско, величествениот пентхаус за кој зборуваме денес е дефинитивно нешто за гледање
Погледот низ неговите прозорци е веројатно спектакуларен, дури и кога е опкружен со облаци. Од своето деби во 2018 година, облакодерот во кој се наоѓа пентхаусот доби неколку награди за неговиот дизајн, инженеринг, прекрасен егзоскелет и структурни елементи што можат да издржат земјотреси.
Исто така, оваа зграда е ултра-одржлива, така што доби статус на LEED Platinum поради системот за рециклирање и третман на вода. Заеднички погодности во кои можат да уживаат сите станари вклучуваат две лоѓи, библиотека, угостителска кујна, бар, фитнес студио и тераси од кои може да се апсорбира целата магија на прекрасен поглед.
Пентхаусот од скоро седумстотини квадратни метри, што е во центарот на нашето внимание, ќе ве натера да заборавите на сите заеднички области и да се фокусирате на панорамски поглед на Пацификот, Заливот и мостовите на Сан Франциско. Покрај тоа, пентхаусот има своја кујна за угостителство и дополнителна кујна опремена со апарати „Гагенау“, елементи на Дорнбрахт и кујнски ормани „Росана“.
Галериските sидови на овој дом се совршено место за уметничка колекција. За ентериерите на пентхаусот се погрижи Мас Беверли, компанија од Лос Анџелес, обожавана од славни личности.
Високите тавани и стаклените sидови му даваат чувство на просторност на пентхаусот со четири спални соби и шест бањи. Главната спална соба има двојни гардеробери. Винарската визба и теретаната го комплетираат просторот, со сите елементи дизајнирани да обезбедат максимално уживање во врвниот поглед.