Погледнете го видео спотот на партијата од Красимир Каракачанов: Има кадри од Охрид и се вели дека тие ја бранат „бугарштината“

Во Бугарија се оржуваат избори. Секоја партија си ја презентриа својата програма и преку видео спотови, а некои одат до таму што Македонија ја земаат како основа за подгревање на масите. Посебно спотот на ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, а во кој има кадри од Охрид и се вели дека тие ја бранат „бугарштината“. 

Министерството за надворешни работи со соопштение реагираше до Софија по повод појавени несоодветни изборни спотови во Република Бугарија во кои се покажуваат територијални претензии кон Македонија.