Погледнете ја кралската палата на Рафаел Надал: Има рајска градина и приватна плажа со пештера во морето

Рафаел Надал се врати во родната Шпанија по победата на Австралија опен. На аеродромот во Мајорка го чекаше неговата сопруга Чишка Перељо. Надал беше и во својата академија каде одржа прес-конференција.

Како што кажа и самиот, сега ќе му треба малку време да се исклучи и одмори, а очигледно за тоа нема подобро место од неговиот дом.

Особено кога имате дом замок каков што има Надал во Мајорка.

Во 2013 година Надал купи луксузен замок- на Мајорка во Порто Кристо. Според пишувањата на медиумите, тој платил 4 милиони евра.

Замокот има совршена локација, сместена на гребен со поглед кон морето од три страни, има пристап до сопствена плажа, каде што има пештера, но и неверојатна градина како во рајот украсена со четинари и многу медитерански растенија.

Фото: 

JAVIER FERNANDEZ / The Photo One / Profimedia

Извор: Телеграф