Погледнете како изгледа стан во најскапата зграда во Србија: Само 1м2 е 10.000 евра, еве што добивате

Во преден план се огромни прозорци со поглед на Ада од 27 кат

Како изгледа стан во најскапата зграда во Србија?!

Станот во „Кула Београд“ е дефинитивно еден од најдобрите на нашите простори. Само еден квадрат чини 10.000 евра, но има и многу заинтересирани. Токму сега се појави оглас за стан кој се наоѓа на 27 кат од споменатата зграда, кој воодушевува со своето луксузно издание.

Со влегувањето во станот се стигнува до трпезаријата која е опремена со бела маса и столчиња, додека од другата страна е кујната во иста боја. Исто така, долу е дневна соба со портокалова софа, како и стаклена маса и фотелји, меѓутоа, деталите се занемарливи бидејќи погледот од 27-ми кат е неверојатен.

@luka.stokicKako izgleda stan u najskupljoj zgradi u Srbiji?! #nekretnine#novogradnja#gradnja#luxury#realestate#belgrade#beograd#realtor#fyp#foryou#foryoupage#balkan#srbija#serbiaoriginal sound - Luka Stokic

Станот има и спална соба со посебна бања, како и бања за гости.

Спалната соба е уредена во сиви и бели нијанси, а во средината очекувано има огромен брачен кревет. Сепак, и во дневната и во спалната, фокусот е на огромните прозорци од кои се протега погледот на „Мостот Ада“.

Сепак, многумина го изразија своето незадоволство во коментарите. Она што беше прво на листата на приговори е дека нема тераса, но сепак, познато е дека Кула Београд тоа не го практикува. Исто така, имаше многу поплаки, од цената, декорацијата на станот, до погледот од терасата која се простира до Ада, а многумина сметаат дека сето тоа може да биде многу подобро за таа сума.

(Телеграфски бизнис)