Погледнете како изгледа станот на Новак Ѓоковиќ
Најдобриот тенисер во светот купи стан во Мајами за 6.7 милиони долари...
После незаборавниот меч со Федерер, Ѓоковиќ направи пауза за да се одмори и ја искористи приликата да отиде на местото каде што се гради неговиот феноменален нов стан. Ноле купи стан по обалата на Мајами во преубавата „Eighty Seven Park“ зграда, во која го чека огромен трисобен стан.
Овој стан е креиран за да го овозможи најдобриот поглед на Атлантскиот океан. Неверојатно е светол, содржи големи и високи тереси, а на своето приземје поседува и базент во кој Ноле може да ужива со својата фамилија.
Покрај трите соби, овој скапоцен стан содржи три бањи, сауна, бар, преубав двор, приватна библиотека и ентериер на кој би му завиделе и најбогатите луѓе на планетата.
Цените на становите кои се продаваат во оваа зграда се движат од 2 милиона па се до 13 милиони, па затоа Ноле одлучил да не претерува и да не се истроши премногу, па овој стан со цена од 6.7 милиони долари го избрал како златна средина.
Тој изјави дека овој стан ќе им пружи вистинско задоволство и на него, на неговата жена Јелена, но и на децата Стефан и Тара.
Погледнете како изгледа новиот стан: