Погледнете како изгледал Немања Гудељ пред 10 години? Сосема поинаков имиџ - без брада, со различна фризура и помалку тетоважи
Немања Гудељ долго време е препознатлив по брадата и карактеристичниот имиџ, но се сеќавате ли како изгледаше пред десет години?
Логично е познатиот фудбалер Немања Гудељ, како одличен спортист кој во своите витрини ги има едни од најголемите европски клупски трофеи да биде под лупата на јавноста.
Откако е во врска со популарната пејачка Анастасија Ражнатовиќ, со која се вери летово, уште повеќе е во медиумите.
И тоа е логично, бидејќи сега освен на спортски страници, неговото име може да го видиме и во рубриките за шоубизнис.
Во тој период Немања на многумина им стана препознатлив по карактеристичниот лик.
Долга коса, впечатлива фризура со опавче, шилеста брада и голем број тетоважи по целото тело.
Гудељ е роден во Холандија, каде што неговиот татко Небојша Гудељ играше фудбал, а таму ја започна својата кариера.
Сепак, познатиот спортист тогаш изгледаше многу поинаку.
Тој немаше толку многу тетоважи на телото. Ги црташе со текот на времето, во текот на неговата кариера.
Исто така, во почетокот на кариерата не носел ниту брада, па поради тоа изгледал сосема поинаку од денес.
Тој почесто ги менуваше фризурите, па имаше различни фази со долга, но и со пократка коса.
Додуша, со оглед на тоа што неодамна се потстрижа по трансплантација на коса, тој се‘ уште ја има најкратката фризура откако го познаваме.
Фотографијата како изгледал Гудељ пред 10-тина години погледнете ја ОВДЕ.Фото: Youtube - screenhsoot
Извор: глосси