Погледнете како се создаваат секси фотографии од славните Кардашијан сестри (ФОТО)

Клое Кардашијан неодамна беше снимена како се тркала на плажата на островите Туркс и Каикос, додека нејзиниот асистент трпеливо ја фотографира за Инстаграм

Реалити sвездата Клое Кардашијан (36) им се придружи на сестрите на нивниот неодамнешен одмор на островите Турк и Каикос, каде беше „уловена“ за време на фотосесијата за Инстаграм.

Кардашијан се вртеше и се тркалаше на песочната плажа во проѕирен син фустан со црвен едноделен костим за капење со танга видливи одоздола, додека нејзиниот асистент трпеливо ја фотографираше во разни пози.


Но, се чини дека Клои не беше среќна затоа што на Инстаграм, покрај фотографиите на кои ја носи истата облека, ја означи својата сестра Кајли Џенер како фотограф, а истите беа направени на друга локација.


Кардашијан собра милиони лајкови за своите објави во ова атрактивно издание, па се чини дека макотрпното позирање и менување фотографи сепак се исплати.


Фото: Profimedia/Инстаграм/khloekardashian