Погледнете како се тренираат полициските кучиња: Фасцинантно

Полицијата и армијата со децении користат кучиња во своите редови, и еве зошто ...

Ништо не е пострашно отколку кога ќе видите дека потомок на волк кој трча кон вас со брзина на молња, додека има остри и големи заби. Кучињата можат да бидат голема закана ако се обучени да нападнат, а бидејќи човекот и кучето имаат нераскинлива врска што трае уште од античко време, тоа е причината зошто тие се чести во полициските и воените редови.

Кучињата се обучени да прават различни работи, но најчесто тие се обучени да мирисаат наркотични средства и експлозиви, да го онеспособуваат непријателот или да го повредат доколку е потребно.

Полициските кучиња минуваат низ строги тренинзи, но полициските службеници кои ги обучуваат велат дека подоцна овие кучиња стануваат неверојатни полицајци, кои знаат што да прават во секое време и ја прават работата на полицијата многу полесна.

Ние ќе ви покажеме како изгледа обуката на овие кучиња и што можат да прават кога се обучени правилно и соодветно.