Погледнете каква куќа се гради...

Ако ги затворите очите и го замислите вашиот дом од соништата, што гледате?

Дали е можеби луксузна вила, на три ката, со бела фасада, прекрасни детали од гипс, фонтана и патека со неколку луксузни автомобили напред? Или, дали е случајно скромно дизајнираното скривалиште, далеку од цивилизацијата, кое ви нуди мир и тишина како најголем луксуз, што дефинитивно го немаме доволно во повеќето случаи? Па, веруваме дека структура каква што зборуваме денес, а која е инспирирана од школки, сигурно никогаш не би ви паднала на памет!

Партнерите на К & Б, компанија за архитектура и дизајн на ентериер со седиште во Одеса, предводена од Ковтун Јуриј и Бураков Егор, го дизајнираа Шел Хаус, модерна семејна куќа што ќе се гради во близина на морето во Коблево, Украина.

„Модерна семејна куќа, сместена покрај море, може да собере две или повеќе лица. Концептот за градба е позајмен од школки, кои се честа појава во ова место. Невообичаената форма што е создадена сигурно нема да ве остави рамнодушен “, објаснуваат архитектите.

Слободно можеме да кажеме дека претходната година нè научи да не правиме компромиси кога станува збор за дизајнот на нашиот дом, бидејќи можеме да станеме негови притвореници преку ноќ, како што се случи минатата пролет. Сопствениците на оваа зграда ќе можат да се вселат во пролетта 2023 година и сигурни сме дека ќе бидат воодушевени од добиените резултати.