Поголем од Титаник дури 7 пати: Најскапиот и најграндиозниот брод на светот
Крузерот „Симфонијата на морето“ е огромниот брод, кој е само 20 метри пократок од зградата „Емперија стејт“ во Њујорк, тежи 228.000 тони и е долг 362 метри. Со ширина од 66 метри, висина од 70 метри и 2.750 патнички кабини, може да се сместат околу 6.800 патници и 2.000 членови на екипажот.
Има дури 8 палуби, 20 ресторани и повеќе од 6 барови, а во една робот прави коктели. Има неколку трговски центри.
На гостите никогаш нема да и биде досадно со ски-лифтови, лизгалишта за мраз, минијатурни терени за голф, пешачење, симулатор за сурфање и куглана, неколку грандиозни базени...
Во вечерните часови, гостите можат да уживаат во современиот театар и претстави како што се оние што се одржуваат на Бродвеј.
Постои огромно казино и парк со 12.000 растенија, како и огромно кино за вода.
Ентериерот е кралски и минималстички. Со Сваровски кристали на лустерите, до барони ренесансни и модени орнаменти на секаде. Собите се како кралски апартмани, прилично големи, со сите луксузни удобности. Постои и дво катен апартман од 1000 м2. Во кој може да уживасат само најбогатите.
Изградбата на прекрасниот брод чинеше околу една милијарда евра и беше направен на бродоградилиштето во Франција.
Крстари од Мајами, преку Шпанија па се до Италија и назад.