Погребот на Џеј во сенка на коментари: На еден провокативен одговори токму таа- Јелена Карлеуша

Легендарниот пејач Џеј Рамадановски беше погребан вчера во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград, а неколку стотици луѓе присуствуваа на збогувањето.

На погребот се појавија неверојатен број обожаватели на ликот и делото на Џеј, но  исто така се простуваа од него преку социјалните мрежи, но сепак секогаш има такви што се против нешто.

Така еден корисник на социјалната мрежа Инстаграм напиша дека смета дека Џеј не требало да биде погребан во Алејата на заслужни граѓани.

- Покрај Меша Селимовиќ, Иво Андиќ, Милена Дравиќ и многу култни великани ... Џеј, пејачот, доби гроб во Алејата на заслужни граѓани? Нека има вечна слава, но ова веќе нема никаква врска. Споредба со толку многу научници, писатели, спортисти, актери. Сето ова е катастрофа - гласи коментарот.

Одговорот што малкумина го очекуваа беше следен, а истиот го испрати Јелена Карлеуша.

- Затоа што тој беше светол симбол на мрачното време, затоа што тој создаваше уметност од таквата народна музика со својот необичен глас и талент, затоа што беше член на ромската заедница кој успешно ги победи сите расистички и малограѓански предрасуди, затоа што својот живот го посвети на хуманитарна работа , затоа што овој народ го сакаше повеќе од кој било друг во време на омраза и војна. Бидејќи тој беше таков пејач - што секој од оние што ги спомнавте ќе му подадеше рака. Затоа што израснал во дом, и починал како легенда што оставил трага во Србија и во срцата на овој народ. Па, затоа тој го заслужи тоа.


Ќерката на Џеј, Марија Рамадановски по ваквиот гест и се заблагодари на Јелена преку Инстаграм за нејзините убави зборови.

Извор: Телеграф. рс