Поинакво доживување на секое парче мебел: Скопје доби нов и најсовремен салон за мебел КМ Мазар

Вчера на улицата Бутелска 11, помеѓу населбите Бутел 1 и Радишани  се отвори новиот салон за мебел КМ Мазар. Целта на КМ Мазар е поинакво доживување на секое парче мебел, уредување и организација на ентериерот во целост.

Нашата примарна дејност е градежништво каде работиме 15 години, оставајќи модерен белег на градот и создавајќи квалитетен, комфорен и удобен дом за нашите клиенти кои се одлучија да ни ја дадат нивната доверба за изведба на сопствениот дом.

Идеите за новиот почеток или заокружување на приказната комплетен дом на клиентите доаѓа од нашите архитекти кои ја согледаа потреба и проблемите за затварање на животниот сон како најлесно до својот замислен идеален практичен и топол дом.

Архитектите кои ги проектираа зградите во кои се обидуваат секој метар квадратен да го претворат во ваш кофор сега истите тие ќе ви искомбинираат креативност, дадат живот и овозможат да уживате во вашиот сон за топол дом.

Вашиот партнер СПЕЦИЈАЛ ГРАДБА направи нова инвестиција од 3200м2 во која е сместено модерно производство со најсовремен машински парк комплетно од реномираниот австриски бренд ФЕЛДЕР-автоматски кројач, кантерка, цнц машина, мануелен кројач, бушилица, фреза и уште многу рачен алат кој ни беше потребен за комплетирање на нашата и вашата приказна.Да не биде само на хартија скициран вашиот мебел на истата локација отворивме салон за мебел од 1500м2 каде ќе ви ги претставиме парчињата мебел креирани од нашите архитекти, изработени со врвни материјали и секако секоја ваша желба и идеја ќе биде лесно вклоплива во нашите дизајни а ние лесно приспособливи на вашите идеи.

КМ МАЗАР ќе биде новиот бренд на домашниот маркет кој брзо ќе го препознаете по ексклузивните тапацирани кревети, италијански душеци создадени под наш бренд, гардероберите кои ќе бидат наш заштитен знак, секој тип ќе биде по ваша мерка и ваша желба.На сето ова КМ МАЗАР ги донесе најголемите брендови од Италија и Словенија за да го зголеми асортиманот со добри парчиња мебел во вашиот дом креирани од најдобрите италијански дизајнери.

Со заедничка мисија на основачот и креативците ја обликуваме крајната визија која се однесува на посебните естетски потреби до точка на создавање уникатен и непогрешлив стил на брендот КМ МАЗАР кој ќе биде ваш комплетен партнер во создавањето на вашиот сон за поубав и поудобен дом.