Појадок што го труе телото: Ова никогаш не треба да ви биде утрински оброк!

Доколку сакате да се храните здраво и квалитетно, не го прескокнувајте појадокот, но и никогаш не јадете го ова како прв и најважен оброк

Појадокот е многу важен оброк - може или да ви го разубави денот или да ви го наруши. Меѓу вообичаените намирници кои се на трпезата наутро се три кои носат повеќе штета отколку корист и треба да се исфрлат од листата на утрински оброци.

Сланина

Содржи висок процент на заситени масти и холестерол и често е високо преработенa со нитрати, што може да предизвика главоболка.

Колачи со сирење или путер

Тоа се празни јаглехидрати со многу малку нутритивни вредности како што се влакна, протеини, цели зрна и слично.

Енергетски плочки

Што се однесува до шеќерот и калориите, енергетската плочка е исто како да јадете чоколадо за појадок.