Спорт // Спорт
Полувреме 32 коло ПМФЛ: Академија Пандев оди кон Европа и води против Работнички, во Тетово Шкендија и Шкупи играат без голови
Полувреме на средбите од претпоследното 32 коло во ПМФЛ, на двете дерби средби во Струмица и Тетово, Академија Пандев – Работнички 2-0, и Шкендија-Шкупи 0-0.
Со головите на Маронг во 33 и Велиновски во 44 минута, Академија Пандев води против Работнички, со триумф обезбедува квалификации за Конференциската лига на УЕФА.
Тензично надвор од теренот во Тетово, на средбата без голови меѓу Шкендија и Шкупи по 45 минути игра.
Академија Пандев - Работнички 2-0
Шкендија - Шкупи 0-0
Македонија ЃП - Струга 0-2
Брегалница -Тиквеш 1-0
Пелистер - Борец 0-0
Ренова -Скопје 0-0