Полувреме: Македонија -Грузија 0-0 (статистика)

Македонија и Грузија играат со резултат 0-0  по 45 минути игра на арената „Тодор Проески“ пред околу 10.000 гледачи.

Македонија повеќе напаѓа, повеќе се игра на половината на Грузија, имаме 53 % посед на топка, вкупно 7 шута, два од нив во рамките на голот.

Покажавме дека сме многу заинтересирани за трите бода, Грузија се обидува да не казни преку контри, имаа две закани по голот на Столе Димитриевски а три шута завршија директно во нашиот гол, сепак по 45 минути, резултатот е 0-0.