Порака од претседателот на ФФМ Муамед Сејдини: Овие момци докажаа дека знаат и можат против сите фудбалски велесили, да ги поддржиме во новиот циклус!
Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини со порака за поддршка на фудбалерите, да веруваме во нив, тие покажаа дека знаат да одиграат маестрално и против големи фудбалски велесили.
Почитувани,
Македонската фудбалска репрезентација денес започнува уште еден поход кон големо натпреварување, пласман на Европското Првенство 2024.
На хартија групата изгледа тешка. Но овие момци досега неколкупати докажаа дека знаат и умеат како да се носат со големите светски репрезентации, и оттука ве повикувам сите масовно да ги бодриме и да им бидеме ветер во грб, кон новите успеси за на крај сите заедно да се радуваме.
Желбата, мотивацијата одлучноста кај сите нив е поголема од било кога, со своите настапи и игри уште еднаш да ја израдуваат Македонија со пласман на големо натпреварување.
Напред Македонија!
Ние веруваме!
Të nderuar,
Reprezentacioni futbollistik i Maqedonisë sot nis një tjetër fushatë drejt një gare të madhe, kualifikimin në Kampionatin Evropian 2024.
Në letër, grupi duket i vështirë. Por këta djem e kanë dëshmuar deri më tani disa herë se dinë si të luajnë me skuadrat e mëdha botërore, prandaj ju bëj thirrje të gjithëve që t'i përkrahni dhe ti frymëzoni, drejt sukseseve të reja dhe së fundi të gezohemi te gjithë bashkë.
Dëshira, motivimi dhe vendosmëria e të gjithëve është më e madhe se kurrë, që me paraqitjet dhe lojërat e tyre ta bëjnë edhe një herë të lumtur Maqedoninë duke u kualifikuar në një garë të madhe.
Përpara Maqedoni!
Ne besojmë!