Поранешната девојка го обвини Пи Диди за силување: „Ме принуди да имам се*с со машки проститутки“
Шон Диди Комбс е обвинет за силување и физичко насилство, а тужбата против раперот ја поднела неговата поранешна девојка, пејачката Касандра Вентура попозната како Кеси.
Во тужбата навела дека Диди го запознала во 2005 година, кога имала 19 години. Започнале врска, а раперот, тврди пејачката, ја контролирал од самиот почеток и бил насилен кон неа. Таа изјавила дека ја терал на секс со машки проститутки додека снимала сѐ, физички ја малтретирал и ја дрогирал.
37-годишната пејачка тврди дека Диди бил склон кон „неконтролиран бес“ и дека често „дивјачки ја тепал“. Наводно, се сѐ одвивало пред очите на неговите вработени, а Диди, како што вели пејачката, често ја терал да го носи неговото огнено оружје во чантата „за да се сети дека е способен тешко да ја повреди“.
Се огласи адвокатот на раперот
Таа се присети и на ситуацијата кон крајот на нивната врска во 2018. Таа изјавила дека раперот тогаш без дозвола влегол во нејзиниот дом и ја силувал.
„После години тишина и темнина, конечно сум подготвена да ја раскажам мојата приказна и да зборувам за себе и за другите жени кои се соочуваат со насилство и злоупотреба во врските“, изјави Кеси за странските медиуми.
Се огласи и адвокатот на раперот, Бен Брафман. Тој ги отфрли сите обвинувања на пејачката.
„Господин Комбс ги негира овие навредливи и срамни обвинувања. Г-ѓа Вентура во изминатите шест месеци постојано бараше од него 30 милиони долари, заканувајќи се дека ќе напише книга за нивната врска на негова штета. Ова е чиста уцена“, рече тој.