Поранешната мисица Оливија Кулпо: Агонијата траеше додека одев кај многу лекари, плачејќи, тресејќи се

Ендометриоза е состојба која се случува на околу 10% од жените. Тоа е состојба при која ткивото кое обично ја покрива матката расте или се наоѓа на други невообичаени места во телото. Најчесто, ендометриозата се наоѓа во карличниот дел. Оваа состојба може да предизвика симптоми како што се болки во карличниот дел и неплодност.

Токму оваа состојба ја има една од најубавите ќени во светот, некогашната „Мис Универзум“, Оливија Кулпо. Таа не чекаше многу. Јавно прозборе за целата состојба.

„ Имав дијагноза пред околу година и пол. Знаев дека нешто не во ред. Агонијата траеше додека одев кај многу лекари, плачејќи, тресејќи се. Кога живеете со хронична болка, не знаете дали сакате да повратите или да едноставно да се склопчите и да плачете“- вели таа.

Кулпо поминала „шест месеци“ обидувајќи се да добие дијагноза и на крај открила дека нејзината состојба е во „напредна фаза“, оставајќи ја во ситуација да мора да си ја провери плодноста и нејзините јајце клетки.

Сега сакам јавно да зборувам за ова. „Сакам да се осигурам дека жените внимаваат и одат на редовни контроли, да сфатат дека ако имаат болни менструации, тоа не е нешто што влијае на нивните јајници или нивните јајце клетки- потенцира убавица која има армија од обожаватели но и такви кои се соочиле со состојба како нејзината.