Поранешниот селектор се уште не знае за победа, Игор Ангеловски запиша нов пораз со ХНК Горица во Хрватска

Серијата на порази на ХНК Горица продолжува, тимот кој го предводи поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски Мрме, запиша петти пораз во низа, а трет во серија со македонскиот тренер.

Ангеловски три меча е на клупата на Горица, има три порази, последниот од Осјек со 1-0, претходно загуби од Динамо Загреб 1-0, и Вараждин 2-1.

Горица во моментот е на претпоследното 5. место на табелата со само 5 бода, ист број на бодови има и последната Ријека.