Поразително: Македонските градови на смртта

Ова е страшно! Алармантно! Од суштинско значење за една држава! Македонскиот народ или се иселува или умира... Официјаните бројки говорат се‘ а се на ниво на целата земја. Податоците се однесуваат за 2018 година бидејќи за 2019 година се уште се во изработка. 

Инаку, декември е наречен месецот на смртта за 2018 година! 

Скопје, Битола, Куманово, Прилеп ја имаат најголемата стапка на смртност на умрени и умрени доенчиња.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија, бројот на умрените лица за 2018 година е намален за 2.9% во однос на претходната 2017 година и изнесува 19 727 умрени лица. Поголем број се од машки пол и тоа 10 339 или 52.4% од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 122, и нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 0.6% на 100 умрени лица.

Според месецот на смртта, најголем број на случаи се регистрирани во месец декември (1 880).

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.1 годинa, односно 75.7 години кај лицата од женски пол, или за 4.6 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, според МКБ-10, и тоа во 53.9% случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавуваат неоплазмите, и тоа во 18.9%, па со 4.7% се застапени случаите кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести, а случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем се застапени со 4.1% од вкупно умрените.

Еве ги и табелите:

Да се надеваме дека за 2019 година бројките ќе бидат помали... Но, тоа никој до овој момент не може да го знае нити претпостави...

Небојша Толески

Извор: Државен завод за статистика на Р.С. Македонија