Посебен и инвентивен: Џејми Оливер „збудале“ по ова, а сите го имаме дома
Готвачот користи многу храна во кујната но и за нега на кожата.
Џејми
Оливер го откри необичниот начин како го одржува својот младешки изглед. Имено,
славниот телевизиски шоумен и готвач
тврди дека ги отстранил скапите
навлажнувачки креми и пронашол сосема природна замена за нив
Тој одеднаш реши да се грижи за својот изглед откако како што тврди, пред неколку години се погледнал себе си во огледалото и се исплашил. Неодамна започна интензивна обука за губење на тежината и веќе има 12 килограми помалку.
А, наместо
ботокси и разни препарати за разубавување, премина на нешто сосема необично. -
Зошто да потрошите пари на скапи креми кога зејтинот за готвење е чист и здрав. Се мачкам секој ден со маслиново масло по
целото тело, исто како што правеле Римјаните- вели Оливер и додава дека никогаш
нема да користи ботокс, бидејќи верува во моќта на природните состојки, како во
кујната така и во нега на телото.