Посебен по мирисот, но и по шишето: Replay Stone Supernova

Парфемот Replay Stone Supernova for Him беше претставен во 2016 година. И уште тогаш се покажа како еден од најдобрите. Фантастично дизајнираното шишенце кое личи на кристал или карпа само е увертира во она што е внатре.

Мирисот започнува со лимон, овошни ноти, лаванда и водени ноти. Срцето е комбинација од роза, кашмирско дрво и дабови мов, кои се поставени на основни ноти на зрно тонка, кедар и кремасто сандалово дрво.