Поскапи вињети пред ски сезоната во Австрија, внимавајте и на ова правило ако планирате патување таму, следат казни до 5000 евра

Австрија и понатаму останува една од најбогатите земји на Стариот континент, но факт е и дека се соочува со невидена криза од различни аспекти.

Една од најхармоничните европски земји, сепак, не успева да остане имуна на кризата. Инфлацијата скокна за 11 отсто во октомври, а рекорден број компании поднесоа барање за стечај.

Анкетите покажуваат дека дури 83 отсто од австриските граѓани се „крајно загрижени“ за насоката на поскапување. Околу 15% од нив велат дека немаат доволно средства да ги платат сите пристигнати сметки, а 18% не можат да ги платат ратите од кредитот.

Секако, Австрија и понатаму останува една од најбогатите земји на Стариот континент, но факт е и дека се соочува со невидена криза од различни аспекти. Тоа го поткрепува и тоа што дури 75 отсто од граѓаните деновиве купуваат поевтини намирници. Околу 20 проценти ги избираат само основните.

Дополнително, во пресрет на скијачката сезона е најавено и поскапување на вињетите, за 2,8 отсто. Така, „најпопуларната“ вињета на австриските автопати, која важи 10 дена, наместо 9,60 евра сега ќе чини 9,90.

Нова цена има и двомесечната вињета - 29 евра, додека годишната ќе чини 96,40 евра. Повторно е поевтина од Словенија каде чини 100 евра, а платите се помали.

Сепак, има предупредувања дека е можно дополнително зголемување на цените на вињетите, бидејќи патарината во Австрија автоматски се прилагодува на индексот на потрошувачки цени.

Исто така, треба да се спомене дека годишната вињета важи од 1 декември претходната година до 31 јануари следната година. Така, годишната вињета за 2023 година започнува овој декември и важи до крајот на јануари 2024 година.

Казна до 5.000 евра

Австрискиот авто-мото клуб ÖAMTC и австриската служба за помош на пат, ARBÖ, ги предупредуваат возачите на моторни возила дека од 1 ноември, според законските прописи, автомобилите во сообраќајот мора да имаат зимски гуми.

Законодавецот пропишува задолжителна зимска опрема од 1 ноември годинава до 1 април следната година.

За оние кои нема да ја почитуваат задолжителната одлука за зимски гуми, следуваат строги казни. Во случај на контрола, сообраќајната полиција може да изрече глоба до 5.000 евра за сопствениците на автомобили кои немаат зимски гуми во наведениот период.



foto: freepik