Забава // Музика и филм
После 22 години брак: Познатиот водител ќе се разведе од неговата седма жена

Американскиот ТВ водител Лари Кинг (85) побара развод од својата седма сопруга Шон Кинг (59), после 22 години брак, пренесува агенцијата АП.
Парот се венчаше
на 5 септември 1997 година, а заедно имаат два сина – Ченси и Кенон.
Парот поднел барање за развод и во 2010 година, но тогаш брзо се смириле и барањето било повлечено.
Моментално славниот водител како главна причина за разводот ги навел „непомирливите разлики“.
Кинг досега осум пати го има изговорено судбоносното „да“ и тоа со седум жени. Два пати се женеше и се разведе со Ајлин Ејкнис.
Претходните неколку огдини Кинг имаше сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи ја и борбата против ракот на белите дробови.