После несаканиот ефект, волонтерот кој прими вакцина против Ковид-19 се опоравува

Њујорк Тајмс пишува дека волонтер од Велика Британија, кој примил вакцина, изработена од Астра Зенека и Универзитетот Оксфорд, му бил дијагностициран попречен миелитис, невролошко пореметување предизвикано од воспаление на 'рбетниот мозок а кое може да биде предизвикано од вирусни инфекции.

Ројтерс објави дека волонтерот се опоравува и најверојатно денес ќе биде пуштен од болница. Сега ќе се спроведе независна истрага за да се утврди дали болеста е на кој било начин поврзана со вакцината.

Конечните клинички испитувања на вакцината против коронавирус, развиена од Астра Зенека и Универзитетот Оксфорд, се стопирани откако еден од испитаниците во Велика Британија разви несакана реакција.

Додека, Астра Зенека го опиша како „рутинска“ пауза во случај на „необјаснета болест“.


Можеби ќе ве интересира:

НАЈНОВИТЕ ОТКРИТИЈА ЗА КОВИД-19 ОТВАРААТ МНОГУ ПРАШАЊА: Дали е можно ова да е вистина?