НАЈНОВИТЕ ОТКРИТИЈА ЗА КОВИД-19 ОТВАРААТ МНОГУ ПРАШАЊА: Дали е можно ова да е вистина?
Анализирано
дали примероци од вирусот ќе се развиваат во петриева лабораторија
Една нова британска студија покажа дека тестовите
за коронавирус се толку чувствителни што можат да откријат траги на неактивни
вируси на инфекција што поминала пред неколку недели, што може да резултира со
лажно позитивни резултати кои ја зголемуваат големината на пандемијата, пишува
Би-Би-Си.
Научниците од Универзитетот во Оксфорд велат дека
повеќето луѓе се заразни само една недела, но дека тестовите можат да покажат
позитивен резултат со недели после тоа, што значи дека бројот на заразени во
моментов може да биде помал отколку што се смета.
Еден од авторите на студијата, професорот Карл
Хенеган, смета дека тестовите за Ковид-19, наместо „позитивни / негативни“
резултати, треба да имаат праг што нема да покаже позитивен резултат доколку
вирусот е присутен во многу мала количина.
Тој верува дека остатоците од делови на неактивни
вируси може делумно да објасни зошто бројот на заразени лица во Велика
Британија во моментов е во пораст, додека бројот на пациенти во болниците
стагнира.
Центарот за применета медицина на Универзитетот во
Оксфорд ги испитал наодите од 25 студии кои анализирале дали примероците од
вирусот ќе се развијат во петриева лабораторија.
Извор: espreso.rs
Можеби ќе ве интересира:
5 НАУЧНО ДОКАЖАНИ ФАКТИ: Зошто некои луѓе се заразуваат со коронавирус, а некои неОХРАБРУВАЧКИ ВЕСТИ: Антителата остануваат во телото неколку месеци по закрепнувањето од коронавирус