Спорт // Спорт
Последната контрола успешна, Македонија го победи Израел пред настапот на светското првенство
Ракометната репрезентација на Македонија запиша минимална победа со 38-37 против Израел во рамките од „Кроација купот“.
Во натпревар со многу голови, слабост беше играта во одбраната, но секако Македонија ќе изгледа поинаку со Никола Митревски на голот.
Дејан Манасков со 11 гола беше најефикасен, шест погодоци запиша Филип Кузмановски за Македонија.
Македонија на мундијалот е во група со Холандија, Холандија и Аргентина, првата средба се игра на 13 јануари.