Последната полна Месечена од оваа година најлошо ќе влијае на овие 3 знаци
Рак - време е да признаеш како навистина се чувствуваш
За да преживееш ден по ден, лесно е да ги занемариш малите стресни ситуации и да ги потиснеш своите вистински чувства. Тешко е да признаеш дека нешто не е во ред и дека не си задоволен. Но, доколку продолжиш да го игнорираш внатрешниот глас тој ќе стане се погласен и ќе продолжиш да се чувствуваш како да се запоставуваш. Одвои време за прифаќање на она што твојата интуиција пробува да ти каже. Знаеш многу повеќе од она што мислиш дека го знаеш и постојат прашања на кои имаш подготвени одговори. Треба само да ги осознаеш. Нека срцето ти го открие патот.
Шкорпија - опушти го стисокот и препушти се
Доколку констатно размислуваш за минатото и не можеш да го пуштиш, пробај да размислиш што е она што толку те врзува со него. Зарем навистина работите биле толку подобри порано? Сакаш ли навистина да се вратиш и да избришеш се што си научил во последно време? На крајот на година си и време е за нов циклус. Време е да го затвориш тоа поглавје. Но, тоа не е крај, тоа е само нов почеток. Размисли за работите кои те веселат и кои сакаш да ги правиш. Дури тогаш ќе го оставиш минатото зад себе и ќе сфатиш колкава тежина си носел.
Риби - можеби ќе поминеш низ некои лични промени
Не знаат сите што точно се случува со тебе, ниту пак требаат. Имаш право на приватност и со некои работи мораш да се соочиш без остатокот од светот. Што ти е потребно за да се чувствуваш сигурно? Колку пати веќе го жртвуваше душевниот мир поради добрите односи во семејството или на работа? ќе „изгориш“ доколку не најдеш време за себе, за одмор. Меѓутоа, твојата идеја за семејство, мир и вистинско значење на зборот дом можеби се променила. Прегрни ја идејата, бидејќи можеби е време да тргнеш по некој друг пат.